В О Д И Ц И 2012
На седницата на советот на општина Охрид која се одржа на 27.01.2012 се усвои предлогот на Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" за подигање на споменик за ВОДИЦИ во Охрид.Истиот споменик ќе биде донација на овогодинешниот кум познатиот бизнисмен проф. д-р Ванчо Чифлиганец.Од Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" упатуваат благодарност до општина Охрид на прифатениот предлог со тоа што овој чин е добредојден во знакот на одбележувањето на 10 годишниот подем на Здружението
Свечено и достоинствено одбележани големите празници ВОДИЦИ и Денот на Рибарите.Одбележувањето на верскиот празник ВОДИЦИ со сите верски традиции и обичаи,збогатено со богати содржини што ги реализира Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" и оваа година мина во знакот на очекувањата.Илјадници верници од разни краеви на земјата , како и бројни гости од други земји ,придонесоа празникот да ја добие величината на централна манифестација и белег на празнувања како што ретко на друго место го има во светот.
Митрополитот охридско - дебарски г.Тимотеј, и оваа година го фрли светиот крст во водите на Охридското Езеро.Од бројните фрлачи по крстот и оваа година среќата му се насмевна на Митко Топенчаров.Тоа беше чин што го споделија илјадници гости крај брегот на езерото.
Годинашниов кум , познатиот бизнисмен проф. д-р Ванчо Чифлиганец навистина беше на висина на кумството.Богати подароци им врачи и на фрлачот, но и на сите други кои придонеле во развојот и подемот на Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" и славењето на празникот Водици. Со неговото ангажирање за кум,всуштност се оствари желбата на охриѓани , за кумови на Водици да се определуваат и луѓе што не се од Охрид.
Покрај бројните гости годинава на прославата на Водици , во Охрид престојуваше и претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, а традицијата не ја изневери и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере, кој и оваа година се најде во водите на Охридското езеро, заедно со кумот Чифлиганец на одбележувањето на Денот на рибарите.
Богат беше и музичко забавниот дел.Особено задоволство за присутните беше настапот на Борис Трајанов.
Годинешниве ВОДИЦИ минаа и во знакот на одбележувањето на 10 годишниот подем на Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ".Овој јубилеј беше одбележан и со настани кои не се случиле досега.Новинарот Димче Миновски подготви 75 минутен док.филм посветен на Водици, а атракција на Денот на рибарите беше готвењето на рибјата чорба во огромен казан при што беа потрошени 2 тона пастрмка.
Се на се ВОДИЦИ во Охрид и годинава беше одбележан така како што можат да го направат само охриѓани .Годинешново славење на ВОДИЦИ на луѓето од Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" , особено на претседателот и потпретседателот , господата Љупчо Арнаудов и Димитри Пендовски им ги отвори вратите и надежите дека догодина може да биде уште поубаво.Затоа подготовките за ВОДИЦИ 2013 почнаа веднаш по завршувањето на ВОДИЦИ 2012.
Претседателот Љупчо Арнаудов упатува посебна благодарност до организациониот одбор што беше максимално ангажиран од страна на Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ", а посебно до Топаловски Горан.Исто така претседателот Арнаудов размислува за догодина да се постави еден одбор на кумови во самото Здружение "БОГОЈАВЛЕНИЕ" кој би се грижел за празникот ВОДИЦИ и уште еден одбор кој би се грижел за одбележувањето за Денот на рибарите.
ПОГЛЕДНИ ГО ОГНОМЕТОТ ОД ВОДИЦИ 2012 - ТУКА

Митко Топенчаров, по петти пат годинава беше најсреќниот и најбрзиот кој меѓу 1300- те капачи го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Езеро го фрли Владиката Дебарско - кичевски г. Тимотеј.
На овогодинешнатата манифестација присуствуваат над 20 илјади посетители, меѓу кои и бројни гости од другите градови од земјава и соседните земји.Меѓу оние кои скокаа по крстот годинава беа и еден Англичанец, новинар на Би -Би-Си, Украинец и еден државјанин на Република Чешка. Заедно со момчињата се капеа и осумдесетина девојки.

На пладне, во месноста Сараиште ќе се одржи и најавеното групно крштевање.



Изработен е крстот за среќниот фаќач
Во посета кај претседателот на државата
Делегација на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" предводена од претседателот Љупчо Арнаудов беше во посета кај претседателот на државата Ѓорѓе Ивановна кој лично му беше врачена покана за присуство на големиот христијански празник, Богојавление - Водици во Охрид.Разговарано беше и за активностите на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ", финансиските тешкотии кои ги има здружението , и пред се разговарано беше за тековното одвивање околу ВОДИЦИ 2012.
Претседателот на Р.Македонија г-нот Ѓорѓе Иванов со воодушевување ја прими поканата и се надеваме дека неговото присуство ќе го збогати овој голем христијански празник .
Стигна казанот од три тони за Денот на рибарите

Казанот од три тони во кој ќе се
подготвува рибна чорба на манифестацијата посветена на охридските
рибари, што традиционално се одржува ден по големиот верски празник
Боголавление – Водици, на 20-ти јануари, пристигна во Охрид.
Натоварен на камион казанот се наоѓа на просторот на некогашната
градската библиотека, каде ќе биде поставен во текот на денот.

Поради се поголемиот
интерес, манифестацијата годинава наместо на Сараиште ќе се одржи на
градското пристаниште. Тука ќе се одржи изложба на риболовен алат, ќе
има натпревар во фрлање сачма и ќе се демонстрира рибарење со влак. За
капачите подготвени се 10 буриња со вино кои ќе бидат фрлени во
езерските води, а за посетителите предвидена е богата програма.

Иницијатива од проф д-р Ванчо Чифлиганец кум на манифестацијата Водици 2012
Почитувани,
Јас проф д-р Ванчо Чифлиганец, бизнисмен и сопственик на градежната компанија Адора Инженеринг, и пред се, како кум на манифестацијата Водици 2012 Охрид, сакам да донирам за градот и граѓаните, верниците и гостите, спомен обележје посветено на празникот Богојавление, што ќе остане како траен белег во Охрид, каде се одвива и најмасовната прослава на Водици во овој дел од православниот свет.
Идејата ми е, покрај другите содржини и дарувања, што ќе ги реализирам и помогнам за прославата на Водици на 19 јануари 2012 година, во Охрид, во иднина да остане и еден траен симбол за големиот празник на Исусовото крштевање во балканскиот и македонски Ерусалим, што ќе потсетува на вековната традиција, што со посебна духовност и пиетет се негува на Охридското Езеро. Тоа би бил и мој личен придонес во одбележувањето на десетгодишниот јубилеј од формирањето на здружението Богојавление, што активно се вклучи во организацијата на граѓанскиот дел од чествувањето и по една деценија ја издигна прославата на високо ниво, афирмирајќи ја манифестацијата во државава и надвор од неа.
Како место каде би се подигнало спомен обележјето го предлагам крајбрежниот дел во центарот на градот Охрид, кај пристаништето, каде со децении се одвива и самата манифестација Водици. Тука, во текот на целата година има најголема фрекфенција на граѓани кои се шетаат на кејот, и туристи кои патуваат со бродовите, и најчесто се фотографираат за спомен од Охрид. Спомен обележјето за Водици посакувам да стане нов атрактивен момент во уникатната Охридска слика, што низ фотографските и видео записите, гостите ќе ја носат со себе низ светот.
Моја желба е спомен обележјето да е во дух и склад со симоболиката на празнувањето на Водици во Охрид, почитувајќи ги верските аспекти и црковни канони, како пригодна скулптура или споменик, кој со големината, материјалот на изработка и пред се уметничкиот израз, ќе соодветствува со просторот, тематиката и идејата. Затоа во вообичаената процедура за изработка на вакви проекти, би сакал јавно да се произнесат сите компетентни фактори, од Македонската Православна Црква, здружението Богојавление, општина Охрид, владата на Република Македонија, еминентни уметници, архитекти, заштитари од културата, медиуми и јавноста.
Со оваа иницијатива се запознаени сите надлежни структури, од локалната самоуправа, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, советот на општина Охрид и нејзиниот претседател Душко Јаковчески, Митрополитот Дебарско - Кичевски Господин Тимотеј, Министерството за култура и директорот на Управата за заштитан на културното наследство Паско Кузман и други.
. Како годинашен кум, предлагам во текот на 2012 година, мојата идеја да се реализира внимателно и во етапи, со почитување на сите легални, етички и стручни процедури. Моја интимна желба е овој траен спомен за Охрид, што целосно ќе се реализира со моја донација, да биде готов до летната туристичка сезона 2012 година или најдоцна до идната година.
Со почит,
Прод. Др. Ванчо Чифлиганец, кум на Водици 2012 Охрид.
Со одлуката на претседателот на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" со која организациониот одбор ги доби своите задачи и обврски околу организацијата за престојниот празник ВОДИЦИ 2012,претседателот на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" Г-нот Љупчо Арнаудов известува дека привршуваат повеќето активности за престојниот празник и тоа , при крај е изработката на крстот кој го доделува кумот за најсреќниот фаќач ,10-те буриња кои ќе се фрлаат за денот на рибарите се готови , 1000 маици со ликот на СВ Јован Крстител исто така се готови , одредено е местото каде ќе се фрлаат бурињата за денот на рибарите како и одредени се и ветераните за истиот ден,направен е детален разговор со хотелиерите и рестораните каде што за празникот ќе има попуст за посетителите за престојниот празник.Како што изјавува претседателот на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" Г-нот Љупчо Арнаудов ,сите од организациониот одбор се на висина на своите задачи и обврски, задоволен сум од досегашната нивна активност и посветеност во подготовките за престојниот голем христијански празник, сакам да напоменам дека се испратени и покани до целиот дипломатски кор во Р.Македонија, како и задоволен сум од средбата на дел од организациониот одбор со претседателот на државата Г-нот Ѓорѓе Иванов.

"10 ГОДИНИ РАСТ И ПОДЕМ"
Започна со снимање документарниот филм за Здружението за Целосна Афирмација на МПЦ - ОА "БОГОЈАВЛЕНИЕ "- "10 ГОДИНИ РАСТ И ПОДЕМ"
Режисер на овој документарен филм е доајенот на македонското новинарство Димче Миновски, а во организација на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ ".Премиерата се очекува да биде пред големиот христијански празник Богојавление,а истата ќе се одржи во кино салата во Охрид.

Почитувани,
Како и секоја година, така и оваа година Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква “ Богојавление” ќе се појави како носител и организатор на културно –уметничиот дел за големиот Христијански празник Водици,а со цел да може да се привлечат поголем број на гости како од земјата така и од странство.
Следствено на тоа Здружението во соработка со хотелиери и угостители од Охрид, Ви ја нуди следната програма:
· 18.01.2012
- 19:00 Куќа УРАНИЈА доделување на награда за хуманизам;
-20:00 Премиерна проекција на документарниот филм "10 ГОДИНИ РАСТ И ПОДЕМ" во кино салата Глигор Прличев , влезот е слободен
· 19.01.2012 БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ
-07:00 Света арихиерејска литургија во сите Охридски Храмови;
-08:00 културна уметничка програма на Градското Пристаниште;
-10:30 Фрлање на Светиот Крст во водите на Охридското Езеро од страна на неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки Г-дин Тимотеј;
-12:00 Масовно крштевање во месноста Сараиште
· 20.01.2012 Денот на Рибарите кој за првпат оваа година ќе се организира на Градското пристаниште:
-изложба на риболовен алат и начини на риболовење низ вековите;
-натпревар во фрлање сачма;
-демонстрирање во фрлање ВЛАК;
-приготвување на Охридска рибна чорба во котли ;
- бесплатно вино, ракија и плашици;
- целодневна културно- уметничка програма;
- 14:30 традиционално скокање на рибарите по буриња со вино
За да може целата оваа реализација да биде успешна и што повеќе гости да може да присуствуваат и да уживаат во големината на овој празник, охридските угостители за време на Хрстијанскиот празник Богојавление и Св.Јован ќе ги намалат цените за смeстување по своите капацитети. Цената ќе изнесува 10 евра по лице и тоа во следните:
· Хотел “Дипломат”
· Хотел “Ино спектар”
· Хотел” Гранит”
· Хотел “Силекс”
· Хотел “Метропол”
· Хотел “Белви”
· Хотел “Белведере”
· Хотел “Климетица”
· Хотел “Дончо”
· Хотел “Сончева Порта”
· Хотел “Тино”
· Хотел “Чико”
· Хотел “Мизо”
· Хотел “Тони”
· Вила Делаго
· Хотел “Коцарев”
· Вила Миа
· Вила “Денариус”
· Хотел “Два Бисери”
Охридските приватни капацитети за сместување нудат поседни поволности.
Покрај овие поволности ќе следува и намалување на цените низ сите угостителски објекти од 30% во периодот од 18.01-20.01.2012 година.
Со почит,
Здружение Богојавление
Господин Тимотеј добитник на Свети Климентовата награда

На состанокот одржан на 05.12.2011 г. здружението на граѓани за целосна афирмација на МПЦ-OA „Богојавление“ го предложи Митрополитот Дебарско-кичевски Г. Тимотеј за највисокото општинско признание , Свети Климентовата награда која ја доделува општина Охрид .
Свети Климентовата награда за животно дело
и трите повелби на градот Охрид, беа доделени на свечената
академија во чест на Св. Климент Охридски, која се одржа на 08.12.2011 во 20 часот
во големата сала на Центарот за култура "Григор Прличев".
Годинешен
добитник на Свети Климентовата награда, како највисоко општинско
признание, е Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по повод 30
годишнината од неговата работа во Охрид.
- Господин Тимотеј со
голем елан стана голем градител на нови цркви, иницијатор и реализатор
на проекти за реконструкција на постојните цркви и манастири. Во
изминатиот период тој остварил околу 200 осветувања на цркви и црковни
објекти, а најголемите активности на тој план ги реализирал токму во
Охрид. Благодарение на Владиката Тимотеј, се возобнови забранетата
традиција на фрлање на крстот во водите на Охридското Езеро, на
православниот празнк Богојавление Водици. Со овој црковно народен собир,
Охрид е еден од најпосетените градови во земјите на православијето -
рече градоначалникот Александар Петрески, објаснувајќи го придонесот на
Митрополитот Тимотеј за градот Охрид.
Здружението на граѓани за целосна афирмација на МПЦ-OA „Богојавление“ го избра стопанственикот Ванчо Чифлиганец од Радовиш за кум на „Водици 2012“.
- Mногу сум пријатно изненаден, бидејќи не очекував да бидам прифатен за кум на манифестацијата Водици. За мене тоа претставува голема чест, обврска и доверба, не само пред охриѓани, пред Здружението, локалната самоуправа, туку и пред целата македонска јавност и православието во целиот свет, рече Чифлиганец после состанокот на Управниот одбор на Здружението „Богојавление“ на кој се вршеше избор на кумството.
Тој порача дека со задоволство го прифаќа кумството, притоа најавувајќи дека во духот на православието и верските обичаи, ќе направи се што е во негова моќ манифестацијата да биде што поуспешно организирана.
Во знак на благодарност кон искажаната доверба тој рече дека покрај обврските што произлегуваат од кумството, за двајцата најдобри средношколци од Охрид ќе дарува едногодишна студентска стипендија.
Со изборот на Чифлиганец за кум на Водици 2012 сакаме да покажеме дека манифестацијата не е само од Варош и охридска, туку од сите охриѓани и граѓани од другите градови од Македонија", истакна претседателот на Богојавление, Љупчо Арнаудов.
Здружението Богојавление, кое годинава одбележува десет годишен јубилеј, за Водици 2012 најавува неколку новини. .
Димитар Пендов од Здружението „Богојавление“ во оваа прилика истакна дека поради се поголемата масовност десетгодишнината од организирањето на манифестацијата „Водици“, Празникот Свети Јован Крстител односно Денот на рибарите за првпат ќе одвива на Пристаништето во Охрид.
- И оваа година во рамки на манифестацијата Водици ќе се организираат традиционалните содржини како фрлањето десет буриња со вино, изложба на риболовен алат, но и нови како натпревар во вештина на риболов со сачма и училишен натпревар за најдобро ликовно дело на верска тематика, рече Пендов.
Тој додаде дека во текот на празнувањата на Водици охридските хотелиери ќе ги намалат цените на пансионите на десет евра за ноќевање со појадок во сите сместувачки објекти, 30 отсто намалување на цените на услугите во угостителските објекти, како и бесплатна топла ракија за сите гости во Охрид.
Минатата година фрлањето на чесниот крст во водите на Охридското Езеро го следеа повеќе од десет илјади православни верници и гости.
Oдржано чевствување на
споменикот на Христо Узунов
Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" и оваа година по повод 106 години од погибието на големиот македонски херој Христо Узунов одржа чевствување пред споменикот во центарот на Охрид, а исто така делегација од општина Охрид заедно со делегација од здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" , положија свежо цвеќе и во с.Цер во местото каде што почива Христо Узунов заедно со неговите соборци.
После тоа во плажата Подпеш во организација на здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" беше приреден свечен ручек во чест на големиот македонски херој Христо Узунов.
В О Д И Ц И 2011

На свечениот коктел кој беше традиционално приреден во ресторанот СВ.Софија, покрај евроамбасадорот Ерван Фуере, со своето присуство ја збогатија вечерта и заменик премиерот за евро интеграции г-нот Васко Наумовски, пратеникот Александар Николовски , и други видни личности.Годинава претседателот на здружението Богојавление, г-нот Љупчо Арнаудов , врачи неколку посебни награди од кои за посебни заслуги и допринос во организацијата на празникот "ВОДИЦИ",дарувани беа Тоше Трајков, Митко Џачка и Митко Лука.Годинешните кумови на фаќачот на крстот му подарија златен крст, LCD телевизор, и традиционален Филигран - Филеви бисер.

Ветераните на Водици денеска ја продолжија традицијата на охридските рибари кои со капење во студените води на овој ден го означувале крајот на забраната за риболов на Охридското Езеро. Годинава во езерските води беа фрлени девет буриња со вино, а Иван Тасески беше најсреќен и доплива до единственото буре со бело вино, кое му донесе дополнителна награда од 10000 денари, што ја обезбедија кумовите на Водици, браќата Јован и Климе Лотески, a претседателот на здружението „Богојавление“, Љупчо Арнаудов му подари златник со ликот на Св. Јован Крстител.

Манифестацијата на која
се пиеше вино и греана ракија и се јадеше плашица и рибна чорба,
годинава беше збогатена со изложба на риболовен алат со кој се ловело на
Охридското Езеро од античко време до денес.
Извиците „уаа“ при фаќањето на чесниот
крст во осветените води на Охридското Езеро, кој годинава заврши во
рацете на 21-годишниот Јован Делов од Варош, според претседателот на
здружението на граѓани „Богојавление“, Љупчо Арнаудов, се непријатна
реакција, но како што вели тој, чинот го организира црквата, а не
здружението.
- Ние учествуваме во организацијата на
манифестацијата, а околу црковната работа сами видовте имаше некое
незадоволство, бидејќи Владиката одлучи поблиску да го фрли крстот,
како што и направи, но ние не се мешаме во црковните работи, ние се
грижиме за организацијата- изјави Арнаудов.

Јован Делов го фати светиот крст кој во осветените води на Охридското Eзеро го фрли владиката дебарско - кичевски Тимотеј.
Делов посакува годината која следува да биде среќна за него и неговата фамилија.
„Чувството
е неопишиво, седма година по ред скокам по светиот крст и еве токму
годинава бев најсреќен меѓу еднаквите. Желба е на секој капач да го фати
крстот, а јас годинава имав најмногу среќа“, рече возбудениот Делов.

Според традицијата Делов и неговата тајфа ќе поминат низ улиците на градот, а охриѓани ќе го даруваат најсреќниот охриѓанец.
На овогодинешнатата манифестација присуствуваа над 20 илјади посетители, а околу 1000 верници се фрлија по осветениот крст

Бурињата ќе се фрлаат за денот на рибарите во Сараиште, и по нив ќе се фрлаат ветераните.Во 8 буриња ќе има бело вино а во 1 ќе има црвено вино.Тој што ќе го фати бурето со црвено вино ќе биде добитник на парична награда од 10.000 денари и плус од страна на претседателот на здружението" БОГОЈАВЛЕНИЕ", Љупчо Арнаудов лично ќе биде награден со златник со ликот на СВ.Јован Крстител
Во големата сала на Центарот за култура се одржа промоцијата на документарниот филм на Илија Пиперкоски, "Чистилиште на душата". Забележителен беше интересот на овој настан, меѓу бројните посетители претседателот и членовите на здружението БОГОЈАВЛЕНИЕ, градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, како и голем број на видни луѓе ,како и долгогодишни учесници лица кои досега учествувале во фаќањето на крстот на големиот празник Водици .После проекцијата се одржа и пригоден коктел .




На свечената академија, што се одржа во хотелот „Метропол“, беа доделени највисоките општински признанија, наградата и повелбата „Св. Климент Охридски - патронот на Охрид“. Наградата Св. Климент Охридски оваа година рамноправно ја поделија Н.У. фестивал „Охридско лето“, здружението на граѓани „Богојавление“ и Велија Рамковски.
Од име на здружението „Богојавление“ наградата ја прими Љупчо Арнаудов,кој истакна:Со задоволство ја прифативме наградата која ни е посветена. Како здружение постоиме 9 години и мислам дека ја заслуживме наградата, а одлуките на Советот не би ги коментирал, затоа што тие знаат кому и зошто ја доделуваат.
На свеченоста беа врачени и две повелби, на младата поетеса Христина Аслимовска, за неколкуте издадени книги и постхумно на Никола Манески, доајенот на охридското новинарство. Свечената академија беше збогатена со пригодна културно уметничка програма.
И З В Е С Т У В А Њ Е

Од пристигнатите 6 кандидатури од повеќе градови во Македонија ,по разгледувањето на истите едногласно беа одбрани Климе и Јован Лотески за кумови за ВОДИЦИ 2011
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
Богојавление добитници на наградата Св. Климент Охридски
Здружението на граѓани "Богојавление" ,
НУ фестивал "Охридско лето" и Велија Рамковски се годинешните добитници
на најпрестижното општинско признание, наградата Патрон на градот- Свети
Климент Охридски.
Како што потенцира претседателот на
комисијата за одбележување на празници и манифестации, Виолета
Мицковска, основен критериум при носењето одлука кој ќе ја добие
наградата бил придонесот кон афирмацијата на Охрид во земјата и
пошироко.
Како што појасни Мицковска, наградата Свети Климент Охридски му се доделува и на Здружението на граѓани "Богојавление " поради организацијата на прославата на празникот Водици и Денот на рибарите, со што се врши голема промоција на Охрид.
Оваа награда претставува големо задоволство за здружението, со оглед на тоа што веќе започнаа подготовките за осмиот по ред традиционален христијански чин фаќање на крстот во водите на охридското езеро ВОДИЦИ 2011 , а со добивањето на ова признание , здружението веќе доби причина плус за наредната 2011 година, осма по ред прослава што ја организира Богојавление , да се потруди уште подобро да го претстави градот , и да го афирмира овој голем христијански празник и пошироко.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________________
ВОДИЦИ 2010
И оваа година претседателот на "БОГОЈАВЛЕНИЕ" , Г-нот Љупчо Арнаудов додели од свое име златници за благодарност , и тоа два златници им додели на годинешните кумови ,Тане Николоски и Цветан Панделески како знак на благодарност за ветувањето дека следната година ќе го направат дрвениот чун со платформа ист како оној што бил порано од каде што се фрлал светиот крст во охридските води.Исто така кумовите годинава на фаќачот на крстот освен што му доделија сребрен крст , тие му врачија уште 1000 евра парична награда и плус патување во светиот град Ерусалим за 5 останати фаќачи на крстот кои се дел од друштвото на годинешниот фаќач .
Претседателот Арнаудов додели уште еден златник и тоа на директорот на ЈКП - Комуналец - Охрид, г-нот Сашо Алчев , за несебичната помош во организацијата на фрлањето на крстот и денот на рибарите
______________________________________________________________________________________________________________________________________________
Денот на рибарите беше прославен и со галички тапани

Фуере по вторпат доплива до столитарското буре со вино

Стотина млади Охриѓани, фаќачи на крстот на Водици, ветерани, јавни личноти и странски туристи, на студеното сончево време загреани со еден тон вино и ракија, 400 кг пржена плашица и староградска песна, денес се искапија во Охридското Езеро во месноста Сараиште.

Со што ја продолжија традицијата на најмасовното зимско капење во земјава на верскиот празник Свети Јован, за Денот на Рибарите. Амбасадорот на ЕУ во земјава Ерван Фуере, новиот почесен граѓанин кој деновиве го доби клучот на Охрид, по втор пат беше највешт во капењето и го фати столитарското буре со вино, што беше фрлено во езерото од брод.


Ваква бочка доби и ветеранот во капењето за Водици во Охрид Митко Матјаноски. Меѓу капачите по традиција за здравје и среќа на Охриѓани се искапи и градоначалникот Александар Петрески, а во студената вода се фрлија и гости од Шпанија, Јапонија и други земји.

„Вистинска привилегија е можноста да бидам дел од оваа прекрасна традиција.Среќен сум и верувам дека таа ќе продолжи уште многу години, на која се надевам дека ќе имам можност да учествувам и натаму, бидејќи и традиција и луѓето се прекрасни“, изјави Фуере, Евроамбасадорот во земјава, кој на Денот на рибарите повторно се капеше со Охриѓани и по втор пат го фати бурето.

„Се капам за здравје. Водата беше малку постудена од минатите години, но на овој ден никој не се разболува“, рече Охридскиот градоначалник Петрески.

„Ова беше оригинално искуство за мене. Прв пат сум во Охрид, прв пат се капам во езерото. Ова е едно од најубавите места во Европа, каде пак ќе се вратам“, порача Шпанецот Марк Мулер, воодушевен од Охрид и неговите зимски празници, за кои тој допатува на покана на Локалната самоуправа, како претставник на градската власт во Мадрид.

Од здружението „Богојалвение“, што ја организира прославата за Денот на рибарите во Охрид, најавија дека со оваа манифестација ќе се пријават за нов Гинисов рекорд во најмасовно зимско капење во светот за идната година.


______________________________________________________________________________________________________________________________________________

Триесетгодишниот Јован Рилкоски од Варош, беше најуспешниот меѓу илјада и двесте верници кои скокнаа по крстот во водите на Охридското Езеро. Тој го фаќа крстот по четврти пат.

На осветувањето на водите на Охридското Езеро денеска по повод празникот Богојавление - Водици присуствуваа над 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од другите делови на Македонија, како и од странство.

Со церемонијата на осветувањето на езерските води чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на високи правосвештеници.

Овогодинешните кумови на прославата, Тане Николоски и Цветан Панделески, најсреќниот Рилкоски го даруваа со сребрен крст тежок еден килограм, вреден две илјади евра.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________

Со традиционални обичаи и богослужба во црквата Св. Никола Геракомија, денеска беше извршено примопредавање на кумството за големиот празник Богојавление - Водици. Нови кумови на Водици се бизнисмените Тане Николоски и Цветан Панделески кои светото кумство го презедоа од минатогодишните кумови Христијан Шапкар, Олег Маленко и Борис Маркулески.

Тие рекоа дека се почестени што се кумови на Водици и искажаа надеж дека традицијата со кумството која беше востановена пред неколклу години ќе придонесе за остварување на заложбите во Охрид да биде централната манифестација по повод празникот Богојавление, што позитивно ќе се одрази и на развојот на туризмот.Здружението "БОГОЈАВЛЕНИЕ" денес му подари еден од крстовите кои беа изработени за годинешната манифестација на црквата Св.Никола Геракомија.

По завршувањето на официјалниот дел од примопредавањето на кумството, во ресторанот СВ.Софија, се одржа и свечен ручек на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Центар(Скопје), г-нот Владимир Тодоровиќ.
_____________________________________________________________________________________________________________________________________________
На денешното годишно собрание на кое присуствуваа 12 од 18 членови, претседателот на здружението " БОГОЈАВЛЕНИЕ " г-нот Љупчо Арнаудов се произнесе со план за целосната организација за престојниот традиционален празник, Богојавление - Водици , Охрид 2010, но осврнувајќи се и за организацијата за Водици 2009.
Николоски Тане и Панделески Цветан, сопствениците на “Лозар - Пелистерка“ се новите кумови на големата верска манифестација „Богојавление Водици 2010“.
Вака претпладнево одлучи Управниот одбор на Здружението „Богојавление“. Кумството ќе им биде предадено на 17 јануари во Црквата Света Софија.
Организаторот на манифестацијата најавува повеќе новини за претстојниот празник, а испратена е и апликација Водици во Охрид да влезат во Гинисовата книга на рекорди како најмасовен верски обичај на фаќање на чесниот крст.
______________________________________________________________________________________________________________________________________________________________

На редовната седница на УО на здружението Богојавление , која се одржа на 25.10.2009 г. во ресторанот Св.Софија,беа донесени следните одлуки, односно беше разговарано кои новитети ќе бидат застапени и ќе ја збогатат програмата:
1.Се донесе одлука , да од 02.11.2009 започне огласот за кандидатура за кум за ВОДИЦИ 2010, кој ќе трае до 04.12.2009, кога и фицијално ќе има собрание кое ќе се одржи во салата на општина Охрид со почеток во 12.00 часот и ќе се одлучува по пристигнатите понуди.
2.Понудите може да се испраќаат на следнава е-mail адреса contact@vodici.com.mk,како и на адреса "Ресторан - Св.Софија" 6000 , Охрид.Кумовите мора да бидат од православна Христијанска вероисповед, како и да се придржуваат кон христијанските традиции врзани со овој празник.
3.Оваа година се одлучи да се направат 2 идентични крстови од кои еден ќе биде за фаќачот на крстот , а другиот здружението Богојавление , ќе го подари на црквата СВ. Никола .
4.Се донесе и одлука парично да се поможе за реизградбата на манастирот Св.Јован Бигорски, а за сумата ќе се одлучи на собранието на 04.12.2009г.
5.Оваа година здружението Богојавление , ќе изработи комплети за христијански обичаи со логото на здружението.
6.За Водици 2010, здружението Богојавление , веќе аплицираше до книгата на Гинисовите рекорди со цел да се обиде да влезе во оваа книга со рекорден број на учесници во светото фаќање на крстот во водите на Охридското Езеро.
секретар
Томе Тримче
Пуштен "Мостот на желбите"
На брегот на Охридско Езеро, вчера беше пуштен во употреба Мостот на желбите со кој се поврзува плажата „Потпеш“ во Канео со центарот на Охрид. На мостот се поставени дванаесетте хороскопски знаци, а минувачите ќе можат да мечтаат за исполнување на своите желби фрлајќи паричка во езерските води. Изградбата на дрвениот мост ја иницираа концесионерите на плажата „Потпеш“, а ја спонзорираше Фондацијата „Рамковски“.