Г-дин Арнаудов Љупчо Претседател на Здружението |
Водици е голем празник, а ние со формирањето на Одборот посакавме да биде уште поголем, Водици навистина е свет празник но, ние посакуваме да стане и туристичка атракција. Иако делуваме кусо време, сепак, сметаме дека ја остваривме целта. На Водици, крај езерото, освен целиот Охрид доаѓаат и гости од Скопје, Битола, Прилеп и други градови од Македонија. Пред да почне главната церемонија, фрлањето на светиот крст во водите на езерото, се организира голема културно-уметничка програма во чија изведба учествуваат групи и ансамбли кои изведуваат програма во живо. Амбиентот го збогатуваат бројните гулаби кои како предвесници на мирот го красат Охридското небо. Сега кога можеме празникот да го славеме без пречки и наместо на Водици, крстот да го фрламе во езерото ден подоцна, во знак на денот на почетокот на риболовот, имаме прилика да организираме голема манифестација и тоа и го правиме. Среќен сум што како младо момче еднач јас го фатив крстот, а сега сум уште посреќен што можам да учествувам во целосната организација на целокупната манифестација. Во 2003 година, кога јас бев Кум на Езерото, Охрид беше домаќин на бројни гости. Меѓу нив беше и сега покојниот Претседател на Р.Македонија – Борис Трајковски. Секоја наредна година се поканети вршители на јавните функции, при што се надеваме дека поголем број од нив ќе бидат крај брегот на езерото. |